ЕУ ја пофали Грција за „забележителниот напредок“

Европската комисија ја пофали Грција за првичниот суфицит за 2013 година, јави ДПА. Тоа е одраз на забележителниот напредок што Грција го постигна од 2010 година во реструктурирањето на државните финансии, изјави пред новинарите во Брисел портпаролот на ЕК Сајмон О‘Конор. Грција за задача имаше избалансиран примарен буџет, но таа оствари суфицит од 1,5 милијарди евра или 0,8 отсто од бруто домашниот производ, соопшти комисијата по консултациите со Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд.