Заев - За три месеци ВМРО-ДПМНЕ се збогатила за 1,6 милиони евра

Претседателот на опозицискиот СДСМ Зоран Заев на денешната прес-конференција во партиското седиште во Скопје соопшти дека за само три месеци владејачката ВМРО-ДПМНЕ дошла до имот во вредност од над 1,6 милиони евра.

„Груевски и ВМРО-ДПМНЕ дошле до станови, деловни простории, земјишни парцели каде што стигнале низ Македонија, во само неколку дена во месеците ноември, декември и јануари“, рече Заев кој како доказ посочи катастарски листови за имотот чиј сопственик станала ВМРО-ДПМНЕ.

Заев ги праша Груевски и ВМРО-ДПМНЕ како успеваат да се богатат во граници што ја надминуваат секоја разумна логика.