Лавров - Москва ќе се одмазди ако русите бидат загрозени

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров изјави дека Русија ќе се одмазди ако интересите на руските државјани се загрозени, како што беа во Јужна Осетија.

Тој вели дека Москва нема причина да не верува оти Американците „ја водат играта“ во Украина.

Руските трупи остануваат на територијата на Русија и не ја минале границата со Украина, изјави Лавров за државната радио и телевизија.