Обама на турнеа во јужна Азија

Американскиот претседател Барак Обама денеска, со посетата на Јапонија, ја започнува еднонеделната турнеја на Азија во чии рамки ќе ги посети и Јужна Кореја, Малезија и Филипините.

Белата куќа посетата на Обама ја нарече дел од источниот ребаланс на американската надворешна политика.

Обама ќе стане првиот американски претседател што ја посетил Малезија од времето на Линдон Џонсон во 1966 година.

На турнеата ќе доминираат трговските прашања, регионалните тензии со Северна Кореја, како и кинеската политика во регионот на Јужното Кинеско Море.