Обама со подршка на Јапонија за спорните острови со Кина

Американскиот претседател Барак Обама ја увери Јапонија дека малата група острови во источното Кинеско Море, која е предмет на спор меѓу Токио и Пекинг паѓа под условите на американско-јапонскиот одбранбен сојуз.
Обама овој коментар го изнесе на заминување на турнеја низ Азија, која ќе ги вклучи посетите на Јапонија, Јужна Кореја, Филипини и Малезија.
Обама рече дека САД "ќе се спротивстават на" сите обиди да се наруши јапонската администрацијата на островите.