Најмалку 10 загинати во напад врз гласачко место во северен Ирак

Илустрација: Киркук.

Најмалку 10 чувари загинаа синоќа кога вооружени напаѓачи отворија оган врз гласачко место во село во близина на градот Киркук во северен Ирак, соопшти полицијата. Парламентарните избори во Ирак се закажани за 30 април. Асошиејтед прес јави дека напаѓачите носеле ирачки армиски униформи. Во текот на вчерашниот ден во низа напади ширум Ирак загинаа повеќе од 30 луѓе.