Основачот на руската социјална мрежа ВКонтакте ја напуштил Русија

Основачот и извршен директор на популарната руска социјална мрежа ВКонтакте, Павел Дуров, соопшти дека ја напуштил Русија. Тој изјави дека не планира да се враќа затоа што, како што вели, Русија за жал е некомпактибилна со интернет бизнисот во овој момент. Дуров не кажа каде се наоѓа во моментов. Тој претходно соопшти дека е отпуштен и дека за отпуштањето дознал од медиумите. Тој вели дека ВКонтакте сега е под целосна контрола на двајца сојузници на рускиот претседател Владимир Путин – Игор Сечин и Алишер Усманов. Мрежата, која има 100 милиони корисници, стана платформа за луѓето кои бараат поддршка за ставовите, често различни од тие на Кремљ. Дуров изјави дека верува оти неговото одбивање да соработува со властите кои се обидуваат да ја контролираат содржината на мрежата е во суштината на битката за превласт во компанијата.