Бенизните поскапуваат за 1,5 денари, дизелот за денар

Малопродажната цена на бензините од ноќеска на полноќ се зголемува за 1,5 денари, а на дизелот и екстра лесното масло за домаќинство за еден денар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Според одлуката, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 79,5 денари за литар, на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе биде 81 денари, на Еуродизелот 67 денари и на Екстра лесното масло за домаќинство 55,5 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,456 денари и ќе изнесува 39,6 денари за килограм.