Медведев: Ќе бидат минимизирани последиците од санкциите

Рускиот премиер Дмитриј Медведев изјави во Думата дека руската економија се соочува со невообичаен притисок од проблематичната светска економија. Медведев додаде дека негативен ефект ќе имаат и, како што рече, дипломатската клима и домашните структурни прашања. Тој нагласи дека руската влада работи на минимизирање на ефектите од меѓународните санкции, воведени по руската анексија на Крим и оти сите социјални обврски ќе бидат исполнети.