Бајден: САД стојат зад Украина

Американскиот потпретседател Џо Бајден изјави во Киев дека претседателските избори во Украина, закажани за 25-ти мај, се најважното гласање во историјата на земјата. Тој додаде дека Вашингтон е подготвен да им помогне на украинските лидери да изградат обединета Украина, но исто така го предупреди Киев дека мора да ги интензивира напорите во битката против корупцијата. Бајден им пренел на украинските лидери и на претставниците на политичките партии дека Вашингтон ќе и помогне на земјата против сите закани, како и да стане енергетски независна.