Нови сомнежи за токсичен гас користен во Сирија

Постојат сомнежи дека биле искористени токсични хемиски материи во сириска област контролирана од бунтовниците, кои сакаат да го соборат претседателот Башар ла Асад, соопштија американските власти. Портпаролката на Стејт департментот Џен Псаки соопшти дека американски официјални претставници испитуваат дали сириската влада е одговорна за употребата на отровни материи во градот Кафр Зита на 11 и 12 април.

Сириските опозициски активисти велат дека хеликоптери испуштале гас во градот. Францускиот претседател Франсоа Оланд рече дека „неколку елементи“ укажуваат на употреба на хемиско оружје во Сирија, но додаде дека не постои дефинитивен доказ.

Истрагата на ОН во декември покажа дека бил искористен гас сарин на неколку локации во Сирија, каде што беа убиени стотици луѓе.