Пакистан - убиени пет полицајци во заседа

Најмалку 5 полицајци и еден цивил загинале во вооружен напад во Пешевар, Пакистан, соопштија тамошните власти. Полицијата соопшти дека напаѓачите фатиле во заседа полициска патрола. Во нападот се повредени уште двајца полицајци. Инцидентот се случи неколку дена откако пакистанските талибанци одбија да се прошири мировниот договор за прекин на огнот, кој започна на 1 март, со кој треба да се стави крај на седумгодишниот бунт.

Повеќе од 6.800 лица се убиени во бомбашки и други вооружени напади низ Пакистан од 2007 година.