Нападнат камп на Ал Каеда во Јемен

Јеменската влада соопшти дека владините сили убиле најмалку 55 милитанти во нападите врз камп на Ал Каеда вчера и завчера. Јеменските сили, наводно поддржани од американски беспилотни летала, два дена по ред вршат напади врз камп на Ал Каеда во планините на крајниот југ на земјата. Официјални претставници велат дека кампот имал полигон за обука, магацини за храна и возила кои се користат за нападите. САД неколку пати во изминативе две години напаѓаше цели на Ал Каеда во Јемен со беспилотни летала.