Отказ за основачот на руската социјална мрежа „ВКонтакте“?

Основачот и извршен директор на руската социјална мрежа „ВКонтакте“, изјави дека е отпуштен и дека компанијата е под „целосна контрола“ на двајца сојузници на рускиот претседател Владимир Путин.

Павел Дуров на својата страница на „ВКонтакте“ напиша дека дознал за неговото отпуштање од извештаите на медиумите. Тој вели дека сајтот е под контрола на Игор Сечин и олигархот Алишер Усманов, кои се луѓе од доверба на Путин. Од прес службата на социјалната мрежа велат дека Дуров си дал оставка на 21 март и неговата оставка стапила на сила еден месец подоцна, пренесува Интерфакс. Дуров минатата недела рече дека тој го продал својот дел, односно 12 отсто од акциите во компанијата под притисок од Федералната служба за безбедност (ФСБ).