ВМРО-ДПМНЕ: Заев лаже за да се добере до власт

Заев си го покажува своето вистинско лице, реагира владејачката ВМРО-ДПМНЕ, откако претседателот на СДСМ обвини дека само за даночно затајување, при продажбата на Македонска банка, „Никола Груевски направил дело коешто согласно Кривичниот закон се санкционира со казна затвор од минимум четири години“.

„Зоран Заев покажува дека е спремен и да лаже и да манипулира, само и само да се добере до власта. Неговите постапки говорат за него. Граѓаните секој ден се појасно и поубаво можат да ја видат неговата нереална и болна желба за власт, но и неговиот нечовечки лик“, се вели во реакцијата на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Тие потсетуваат дека Заев е аболициран за криминал вреден 8 милиони евра.