Претседателските избори во Сирија на 3 јуни

Претседателот на сирискиот парламент Мохамад ал-Лахам ги закажа претседателските избори во земјата за 3 јуни. Ќе може да гласаат сириските државјани што се во земјата, јави телевизијата Ал Арабија. Распишувањето на изборите доаѓа во време кога се чини дека владините сили добиваат превласт над бунтовниците во тригодишниот конфликт во земјата во кој загинаа повеќе од 150 илјади луѓе. Како знак дека владините сили ги прошируваат областите под нивна контрола, претседателот Башар ал-Асад вчера, на Велигден, посети христијанско село од кое неодамна беа протерани бунтовниците кои го држеа под контрола. Асад ретко патува надвор од Дамаск од почетокот на конфликтот во март 2011 година.