Путин потпиша закон за државјанство

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша закони за поедноставување на процедурите за добивање руско државјанство на лица кои зборуваат руски од поранешниот Советски Сојуз и за обврските на работници мигранти во Русија.

Според ИТАР-ТАСС, законот за државјанство овозможува руско-говорно лице со постојан престој или со роднини кои живеат или порано живееле на територијата на Руската федерација, вклучувајќи ја територијата на Руската империја или СССР, "да добијат руско државјанство.

Путин потпиша и закон со кој работниците мигранти мора да знаат руски јазик, руската историја и основните факти за руските закони.