Авганистан - на изборите води Абдула Абдула

Abdullah

Поранешниот министер за надворешни работи, Абдула Абдула има предност од 11 поени, според најновите резултати за претседателските избори во Авганистан објавени од страна на Независната изборна комисија.

Комисијата вчера соопшти дека врз основа на речиси 50 насто пребројани гласови, Абдула води со 44,4 насто пред поранешниот министер за финансии Ашраф Гани со 33,2 проценти.

Конечните резултати ќе бидат објавени на 14 мај. На гласањето се регистрирани бројни нарушувања, кои сепак биле помали од изборите во 2009 година.