Над 400 лица евакуирани поради поплавите во Србија

Бројот на луѓе евакуирани поради поплавите во Србија достигна 440 лица а досега нема жртви, изјави началникот на Секторот за вонредни состојби при српското МВР Предраг Мариќ. Тој додаде дека поради проблеми со снабдувањето со електрична енергија отежнато е и снабдувањето со вода за пиење во загрозените реони. Поради новонастанатата ситуација денеска во Белград ќе заседава штабот за вонредни состојби, кој ќе биде претседаван од премиерот во оставка Ивица Дачиќ.