Ердоган ги тужи Твитер и Јутјуб

Турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган до Уставниот суд на Турција поднесе тужба против социјалните интерент мрежи, затоа што, според него ги прекршиле неговите и правата на неговото семејство, јави ИТАР-ТАСС. Владата на Ердоган минатиот месец воведе забрана на социјалната мрежа Твитер и на системот за размена на видео и аудио содржина Јутјуб, откако на нив беа објавени снимени разговори кои посочуваа на корумпираност на луѓе блиски до премиерот. Забраната на Твитер беше укината на почетокот на овој месец со одлука на Уставниот суд на Турција, кој оцени дека блокирањето на мрежата претставува кршење на правото на изразување, додека Јутјуб и натаму е блокиран.