Назарбаев е загрижен за односите меѓу нуклеарните сили

Претседателот на Казахстан Нурсултан Назарбаев изрази загриженост за, како што изјави, прекин на соработката меѓу најголемите нуклеарни сили во светот. Шефот на државата рече дека договорите за намалување и прекин на производството на нуклеарно оружје се под закана. Забелешките на Назарбаев се ставаат во контекст на односите меѓу Русија и Соединетите американски држави покрај случувањата во Украина.