Уапсен капетанот на потонатиот јужнокорејски фериброд

Јужнокорејските власти ги уапсија капетанот и двајца членови на екипажот на ферибродот кој потона на 16 април. Стотици лица се водат за исчезнати и се стравува дека загинале. Капетанот Ли Џун Сеок се соочува со обвиненија за запоставување на службените должности и кршење на морнаричките закони. Потврдено е дека најмалку 28 лица загинале од потонувањето на ферибродот во близина на југозападниот брег на Јужна Кореа.