Претседателот на Алжир освои четврти мандат на функцијата

Претседателот на Алжир, Абделазиз Бутефлика.

Претседателот на Алжир, Абделазиз Бутефлика, освои четврти мандат на функцијата со убедливи 81 отсто од гласовите, соопшти денеска министерот за внатрешни работи Таиб Белаиз. Главниот противник на Бутефлика, поранешниот премиер Али Бенфлис доби 12 отсто од гласовите на вчерашните избори. Излезноста била околу 52 отсто. Бенфлис оцени дека имало изборна измама од масовни размери и најави дека ќе ги оспори резултатите. По минатогодишниот мозочен удар, не се знаеше дали 77-годишниот Бутефлика ќе се кандидира на годинашните избори. Тој не присуствуваше не ниеден предизборен собир, а поради лошата здравствена состојба на гласањето се појави во инвалидска количка.