Ѓул не сака да се менува со Ердоган како Путин и Медведев

Турскиот претседател Абдула Ѓул.

Турскиот претседател Абдула Ѓул се чини дека самиот ја отфрли можноста да биде иден турски премиер во пресрет на претседателските избори. Тој денеска рече дека моделот сличен како во Русија, каде што претседателот и премиерот си ги менуваат местата, не би бил соодветен за демократска земја. Актуелниот премиер на Русија Дмитриј Медведев го замени Владимир Путин на претседтелската позиција во 2008 година, додека Путин беше премиер. Во 2012 година, тие си ги заменија местата. Се очекува турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган, кој е претседател на Партијата на правдата и развојот, да се кандидира на изборите за шеф на државата во август. Ѓул, кој е еден од коосновачите на партијата со исламистички корени и е еден од блиските сојузници на Ердоган, се сметаше за можен иден премиер на Турција додека Ердоган е претседател.