270 луѓе сеуште се водат како изчезнати во бродската несреќа во Јужна Кореја

Јужно-корејските истражни органи го испитуваат екипажот на фериботот кој потона пред два дена, при што сеуште околу 270 лица се водат како изчезнати. На бродот имало 470 лица, од кои 179 биле спасени, а 28 настрадале. Локалните медиуми јавија дека фериботот можеби направил нагло свртување, при што се превртел, а потоа потона. Истражителите соопштија дека капетанот не бил кај кормилото кога се случила несреќата.