Во лавина настрадале 12-мина непалски водичи

Дванаесетмина локални непалски водичи загинале, а неколкумина се изчезнати во лавина при искачувањето на Монт Еверест. Министерството за туризам на Непал соопшти дека 5 лица биле пронајдени и спасени. Сите настрадани го подготвувале теренот за алпинистите кои подоцна во текот на денот требале да се искачуваат кон Монт Еверест.