Ашраф Гани ветува помирување со поранешните команданти

Авганистанскиот претседателски кандидат Ашраф Гани изјави дека ако биде избран, ќе формира влада на национално единство, која ќе вклучи некои од контроверзните поранешни команданти на земјата. Гани, за Радио Слободна Европа изјави дека нема да ги гони оние кои се одговорни за воени злосторства, туку дека ќе придонесе за вистинско помирување. Познатиот технократ кажа дека земјата не смее да се заглави во минатото. Гани вети дека ако биде избран неговата влада ќе го зајакне владеењето на правото и ќе воведе економски систем за намалување на зависноста на земјата од помош. Гани, е еден од изборните фаворити на гласањето на 5 април. Првичните резултати од изборите се очекуваат на 24 април .