Сенаторот Џон Мекејн во Молдавија

Американскиот сенатор Џон Мекејн денеска треба да допатува во молдавскиот главен град Кишињев. Тој бара побрзо интегрирање на Грузија и на Молдавија во структурите на НАТО и покрај загриженоста за можна руска окупација на молдавскиот проруски регион Придњестровие кој во 1990 година прогласи независност. Во тој регион се уште има илјада и двесте руски војници, кои, како што се наведува, се во мировна мисија. Мекејн вчера во Вилнус побара поостри мерки на Западот против Русија.