Путин јавно ќе одговара на прашања

Владимир Путин

Рускиот претседател Владимир Путин денеска јавно ќе одговора на прашања поставени од граѓаните. Портпаролот на претседателот Дмитри Песков изјави дека повеќето од примените над 2 милиона прашања се однесувале на Украина и Крим. Тоа ќе биде 12 таква сесија на Путин. Нема временско ограничување на настанот што ќе биде пренесуван на телевизија. Во минатата година Путин одговораше рекордни 4 часа и 48 минути.