Брод со имигранти потонал во Турција

Осум луѓе, меѓу кои и едно дете, се удавиле, а петмина се водат како исчезнати, откако брод кој превезувал имигранти кон Грција, потонал во близина на западниот брег на Турција. Националноста на луѓето во бродот не е позната, но медиумите наведуваат дека веројатно станува збор за Сиријци. По несреќата три лица биле спасени и пренесени во болница во турскиот град Измир.
Патувањето по Средоземно Море честопати е многу опасно и повеќе стотици имигранти секоја година ги губат своите животи.
Турција, која според податоците на Владата згрижила околу 900.000 Сиријци кои ја напуштиле својата земја поради граѓанската војна, стана центар за имигранти кои бараат пат до Европа.