Снегот добар за Охридско Езеро, но не и за посевите

Снег во Охрид.

Хидролозите сметаат дека врнежните од дожд и снег се добредојдени за Охридското Езеро, но ако студеното време и врнежите од снег потраат и наредните неколку дена тоа негативно ќе се одрази на земјоделските култури и посеви.
Снегот среде април ги изненади охриѓани. Во градот наврнаа неколку сантиметри, додека во повисоките селски средини висината на снежната покривка достигна и до 20 сантиметри. Хидролозите сметаат дека врнежните од дожд и снег се добредојдени за Охридското Езеро кое во изминатите месеци поради релативно сушниот период се соочи со намалување на неговото ниво.
Секоја капка вода е корисна за езерото. Во секој случај новите врнежи ќе делуваат позитивно и сигурно ќе се зголеми нивото на Охридско Езеро за онолку милилитри колку што беа и врнежите.
Здравко Крстановски, хидролог во Хидробиолошкиот завод во Охрид.


Здравко Крстановски хидролог во Хидробиолошкиот завод во Охрид вели дека генерално ќе се подобри хидролошката состојба со езерото.

Снег во Охрид.


„Секоја капка вода е корисна за езерото. Во секој случај новите врнежи ќе делуваат позитивно и сигурно ќе се зголеми нивото на Охридско Езеро за онолку милилитри колку што беа и врнежите. Ако продолжат врнежите и овие денови како што се најавува ќе биде уште подобро. Посебни влијание ќе има и снегот на планините Галичица и Јабланица кој е еден вид резервоар на вода, вели Крстаноски.

Крстаноски вели дека снегот ќе има позитивно влијание врз нивото на езерото, но колку, рано да се зборува, вели тој.

„Јас се сеќавам нивото доаѓаше и под минималната кота имаше и периоди пред две години кога имаше и поплави и кога нивото беше над максималната кота и доаѓаше до 694,80 метри надморска височина, вели Крстаноски.

Ако студеното време и врнежите од снег потраат и наредните неколку дена тоа негативно ќе се одрази на земјоделските култури и посеви, вели професорот во пензија и експерт за земјоделие Борис Анакиев.

„Ако ова трае кусо нема да се одрази бидејќи на повисоките места дрвцата се уште не се расцветани. Секој дожд во април во Македонија е добредојден. Од снегот оштетување ќе има на некои посеви кои се никнати на повисоките места. За сега не е страшно. Нема да има сериозни последници можеби ќе има малку забавување но поголемо богатство е што во април падна дожд. Ако ова потрае десетина дена може да има сериозни последици од снегот и ниските температури.