Руската економија во стагнација

Рускиот министер за економија Алексеј Уљукајев.

Руската економија бележи пад од 0,5 проценти во првото тримесечје годинава во однос на последниот квартал од минатата година. Министерот за економија Алексеј Уљукајев денеска во државната Дума изјави дека руската економија во првите три месеци од годинава сепак забележала раст од 0,8 отсто во однос на истиот период минатата година. Рускиот министер за финансии Антон Силуанов на вчерашната владина седница рече дека руската економија се соочува со најтешки услови од светската економска криза во 2008 година. Тој рече дека растот на БДП-то за годинава е проектиран на 0,5 отсто, но оти може да биде и нула. Минатиот месец Светската банка соопшти дека меѓународно непризнаената анексија на украинскиот регион Крим од страна на Москва може да ја доведе Русија во рецесија.