300 луѓе изчезнати при потонувањето на брод во Јужна Кореја

Илустрација

Јужно-корејски ферибот, со 470 луѓе, потона кај југо-западниот дел на земјата. Според официјални претставници, најмалку две лица загинале, но околу 300 сеуште се водат како изчезнати. 164 лица биле спасени, а во акцијата за помош учествувале десетици хеликоптери и бродови. Локалните медиуми јавија дека поголемиот дел од патниците биле ученици на школска екскурзија. Сеуште не е позната причината за несреќата.