Доживотен затвор за двајца Грци откако убиле имигрант

Двајца Грци се осудени на доживотен затвор откако минатата година бил избоден до смрт еден пакистански имигрантски работник. Настанот се случил во текот на порастот на расистичкотот насилство во земјата зафатена со економската криза веќе шест години. Судот во Атина пресуди дека двајцата имале намера да го убијат 27-годишниот работник додека со велосипед одел на работа во Атина. Осудените биле на мотор и тврделе дека до убиствотот дошло по расправија околу тоа кој има право на првенство на патот. Обвинителствотот тврдеше дека нападот се случил од омраза со предумисла.