Нови реформи за европските банки

Европската централна банка во Франкфурт.

Европскиот парламент денска донесе нов сет правила за да се минимизираат ризиците и трошоците од проблематичните банки. Според овие правила, Единствениот надзорен механизам ќе ги надгледува најголемите кредитори во еврозоната. Механизмот треба да почне со работа во ноември во рамките на Европската централна банка. Друго тело, Единствениот одлучувачки механизам, ќе има овластувања и буџет на располагање, да ги затвори или реорганизира банките во криза. Според новото правило, доверителите на банките, а не владите, први ќе претрпат загуби ако банката пропадне. Сепак, сите депозити до 100 илјади евра ќе бидат заштитени во случај на пропаѓање на која било банка во 28-члената Европска унија. До овие реформи доаѓа по светската финансиска криза од 2008 и 2009 година, кога европските влади вбризгаа околу 600 милијарди евра во ослабнатите банки.