Пораст на бројот на туристите во Грција

Грција во минатата година ја посетиле скоро 18 милиони луѓе. Тоа е за над 15 насто повеќе од 2012 година и , според грчкиот Завод за статистика, би можело да биде спас за економијата на таа земја која веќе шест години се наоѓа во рецесија. Во податоците на Заводот се прецизира дека 88 насто од туристите лани биле од европските земји. Забележан бил пораст и на бројот на туристите од Турција.