Бомбашки напад во Каиро, повредени полицајци

Каиро

Двајца полицајци биле ранети во денешниот бомбашки напад во центарот на Каиро. Исламистичките милитанти ги интензивираа нападите врз безбедносните сили откако во јули минатата година беше соборен од власт Мухамад Морси од Муслиманското братство, првиот египестки претседател кој дојде на оваа функција на директни избори. Во Египет во идниот месец треба да се одржат претседателски избори на кои се очекува да победи Абдел Фатах ал Сиси, генералот кој го собори Морси од власт.