Три лица убиени во вооружен напад во Истанбул

Истанбул

Три лица биле убиени, а две други ранети во денешениот вооружен напад во истанбулски кварт. Еден од ранетите е поранешен пратеник од Татковинската партија Аднан Јилдиз. Во нападот биле убиени неговата сопруга и ќерката. Две лица отвориле оган врз автомобилот на Јилдиз, во кој, според непотврдени информации имало голема сума пари, кои требало да бидат сменети во менувачница. Јилдаз е хоспиталзиран, а полицијата спроведува истрага за расчистување на случајот.