САД - Војската ја потврди казната за Менинг

Американската Армија ја потврди казната за Челзи Менинг, порано познат како војникот Бредли Менинг, осуден на 35-годишна затворска казна за давање доверливи информации за американската влада на веб-страницата Викиликс.

Војникот Менинг, работел како разузнавачки аналитичар во Багдад во 2010 година, кога им дал околу 700 илјади документи, видеа, дипломатски телеграми и сметки на Викиликс.

Материјалот кој го предал Менинг вклучува и видео од 2007 на кои од воен хеликоптер се стрела кон осомничени бунтовници во Ирак. За време на тој инцидент загинаа десетина лица, вклучувајќи и двајца вработени во Ројтерс.

Менинг се изјасни за виновен за 10 обвиненија, но беше осуден за 20 точки од обвинението, вклучувајќи шпионажа и кражба. Тој беше прогласен за невин за најсериозното од обвиненијата дека го помагал непријателот.

Тој во август минатата година одлучи животот понатаму да го живее како жена и да се вика Челзи.