САД со гаранцијата за кредит за Украина од 1 милијарда долари

Американскиот министер за финансии Џејкоб Лу и неговиот украински колега Олександр Шлапак во Вашингтон.

САД ја потпишале гаранцијата за кредит за Украина во вредност од 1 милијарда долари. Американскиот министер за финансии Џејкоб Лу го соопшти ова по средбата со неговиот украински колега Олександр Шлапак во Вашингтон. Лу рече дека тоа ја покажува посветеноста на САД на Украина. Се наведува дека гаранцијата за кредитот се надополнува со реформската програма на ММФ на украинската влада. ММФ вети кредит меѓу 14 и 18 милијарди долари за Украина, кој ќе зависи од структурните реформи што Киев се обврза дека ќе ги преземе.
Претходно ЕУ обвјави дека ќе ѝ даде кредит од 1 милијарда евра на Украина. Претходно ЕУ одобри помош од 610 милиони евра за Украина кои сè уште не се доделени.