Украина има докази за руска вмешаност немирите на истокот на земјата

Украинскиот в.д. министер за надворешни работи Андриј Дешчицја.

Украинскиот в.д. министер за надворешни работи Андриј Дешчицја изјави дека Украина има докази за руска вмешаност во сепаратистичките немири на истокот на земјата. Тој вели дека доказите се врз основа на неколку елементи.

Сепаратистите биле вооружени со оружје кое го користи руската армија, носат исти униформи како што носеа руските сили кога го окупираа Крим и меѓу себе зборуваат на руски јазик.

САД и западните земји исто така ја обвинија Русија дека стои зад немирите во источна Украина, но Москва ги отфрли овие обвинувања.

Дешчицја рече и дека Украина има докази дека соборениот претседател Виктор Јанукович помогнал во финансирањето на немирите, но не даде детали за тоа тврдење.

Јанукович побегна во Русија откако беше соборен од власт кон крајот на февруари по тримесечните протести.