Напад врз камиони што носат залихи за НАТО во Авганистан

Најмалку еден возач е убиен, а двајца се повредени во напад врз камиони што носат залихи и опрема за силите на НАТО во Авганистан, соопштија пакистанските власти. Нападот се случи во близина на градот Пешавар во северозападен Пакистан. Сè уште никој не ја презеде одговорноста за нападот. Пред неколку дена истече прекинот на огнот што го прогласија пакистанските Талибанци, во обид да издејствуваат мировни преговори со пакистанската влада.