Лавров: Русија не е за поделба на Украина

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, изјави дека украинските руси треба да бидат вклучени во подготовката на новиот устав на Украина, кој ќе биде ставен на референдум. Лавров, во Москва, додаде дека поделбата на Украина не е од руски интерес, но оти Русија бара Киев еднакво да ги третира сите граѓани. Тој ги отфрла тврдењата дека руски агенти стојат зад нередите во источна Украина и побара објаснување за медиумските извештаи дека директорот на ЦИА, Џон Бренан е во посета на Киев.