Асад: војната во Сирија се сврте во корист на владата

Сирискиот претседател Башар ал-Асад изјави дека тригодишната граѓанска војна, која однесе повеќе од 150 илјади жртви, се свртела во корист на владата. Државната новинска агенција САНА го цитира Асад, кој вели дека конфликтот достигнал пресвртница.
Сириската армија имаше серија напредувања во последните неколку месеци, напаѓајќи ги упориштата на опозицијата во близина на границата со Либан и во централната провинција Хомс.
Сирискиот конфликт избувна откако режимот презеде насилни мерки против мирното протестно движење инспирирано од Арапската пролет.
Од почетокот на бунтот против Асад во 2011 година, Дамаск обвинува за насилство и терористички заговор поддржани од странски сили, негирајќи оти постои какво било локално движење за политички промени.