МОСТ:Одѕивот на гласачите до 13 часот 25,31 процент

Граѓанската асоцијација МОСТ информира дека одѕивот на гласачите за денешните претседателски избори до 13 часот е 25,31 проценти. До 12 часот на гласање излегле 19,88 проценти.Претседателот на МОСТ Дарко Алексов на прес-конференција информира за случаи во Битола, Куманово и во општина Карпош за бришење на мастило од палците,одбивање за обележување во Кавадарци и потпишани гласачи на погрешно место во Кичево.
Според МОСТ, во општина Ново Село имало 10-минутен прекин на гласањето, бидејќи, како што рече Алексов, „пред гласачкото место се вршел поткуп на гласачи, а член на ИО реагирал при што настанала тепачка и била повикана полиција“. Набљудувачите на МОСТ евидентирале и случај во Општина Бутел во кој член на ИО водел свој рачно напишан список за евиденција на гласачи.

Регистриран е и случај со фотографирање гласачко ливче, читање на глас на имиња на гласачи, јавно соопштување за кого го дале својот глас, покажување гласачко ливче пред да се стави во гласачка кутија.