Цивил со забелешки за неправилности

Претседателот на невладината организација Цивил -центар за Слобода, Џабир Дерала информира за случаи на прекршување на изборниот молк, партиска агитација , и агитација и на социјалните мрежи, како и СМС- кампања. „Ни доаѓаат безброј повици за тоа дека маркерот кој се става на прстот по гласањето може да се извади со влажно марамче. На гласачко место во Ѓорче Петров е гласано во име на две починати лица а во Капиштец има лица кои не можат да се најдат на избрачкото место, туку ги препаќаат на други “, изјави Дерала од Цивил.