Иран- поранешен американски маринец осуден на затворска казна

Иранскиот апелациски суд му изрече 10-годишна затворска казна на поранешниот американски маринец Амир Хекмати кој е во Иран од 2011 година . Хекмати кој има американско-иранско државјанство , беше приведен во август 2011 година, а потоа беше обвинет и осудени на смрт поради шпионажа. Неговото семејство и американската влада негираа дека Хекмати е шпион.Врховниот суд во 2012 година ја поништи смртната казна на Хекмати и побара повторно судење. Засега нема официјални американски коментар за пресудата. Владата на САД во ноември побара од Иран да ги ослободи Хекмати.