Гласањето досега без проблеми

Во најголемиот дел од општините, гласањето за иден претседател на земјава се одвива без проблеми, а избирачките места се отворени навреме. Проблеми, според досегашните информации имаше на едно избирачко место од вкупно 83 во Струмица каде што поради грешка во броењето за половина час подоцна започна гласањето. Но, сепак, е утврдено дека сите ливчиња биле на број, потврдија и од Општинската изборна комисија.

- Во сите 170 избирачки места во општина Битола, каде што право на глас имаат 82.588 гласачи непречено се одвива гласањето - информираат од Општинската изборна комисија во овој град.

И граѓаните кои се запишани во избирачкиот список во општина Струга досега непречено го реализираат своето избирачко право на вкупно на 101 избирачко место.

Според информации од трите општински комисии во гостиварскиот регион - Врапчиште, Гостивар и Маврово-Ростуше, гласањето за претседател се одвива непречено.

И во општина Дебар гласањето се одвива на сите 27 гласачки места, информира претседателот на општинската изборна комисија Адриан Марку.

Гласањето непречено се одвива и во сите скопски општини.