Укрaинските безбедносни сили почнаа анти- терористичка акција во Словјанск

Украинскиот министер за внатрешни Арсен Авоков изјави дека безбедносните сили почналe анти- терористичка операција во источниот град Словјанск. Министерот Аваков на својот Фејсбук профил напиша дека сили од сите безбедносни единици на земјата се донесени во Словјанск. Вчера во овој град про-руски активисти упаднаа во полициска станица. И во градот Kраматорск вооружени лица зазедоа полициска станица по престрелка со безбедносните сили.
Во Донецк, шефот на полицијата Костантин Позјадајев вчера си поднесе оставка откако бил принуден да се повлече од про -руските активисти. Украинската влада ја обвини Русија за агресија, поради нападите врз владините згради и полициските седишта во источна Украина.