Македонија петти пат избира претседател

Во Република Македонија денеска се одржуваат петтите претседателски избори. На 3.480 избирачки места во земјата право на глас имаат 1.779.572 избирачи. Гласачките места се отворени во 7:00, а ќе бидат затворени во 19:00 часот.
Граѓаните ќе можат да избираат меѓу четворица кандидати.
За претседател ќе биде избран кандидатот кој денеска ќе освои мнозинство гласови од вкупниот број евидентирани гласачи.
Ако никој не го добие потребното мнозинство, по 14 дена, на 27 април, ќе се организира втор круг во кој одат двајцата кандидати кои добиле најмногу гласови. Ќе победи тој што ќе освои повеќе гласови под услов на гласање да излезат најмалку 40 проценти од вкупното избирачко тело.